Breaking News

Мултимедијален инклузивен предбожиќен  настан „Види ме“ во „Дајмонд мол“


Мултимедијален инклузивен предбожиќен  настан „Види ме“ ќе се одржи вечер во 18 часот во „Дајмонд мол“.  Организатор е Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“.


Настанот, кој е наменет за децата и родителите, ќе го отвори Дедо Мраз. Според програмата, ќе настапат Енерџи Бенд и Ѓоко Јовиќ, Влатко Лозановски – Лозано, Принц, Дарко и лице со попречен вид.


Ќе бидат поделени подароци и пакетчиња за дечињата.  Организаторот информира дека настанот е поддршка и пример за инклузивност. мд/са/Фото: Фејсбук на Коалиција „Менуваме“ .

Извор: МИА