Breaking News

МТСП и Општина Кавадарци потпишаа договор за изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост


– Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска потпишаа Договор за соработка, со цел заедничко учество во проект кој се однесува на изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост.


Центарот ќе биде со капацитет за 24 корисници од Општина Кавадарци.


  Предвидените активности се согласно Програмата на Владата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година, објавена во Службен Весник на РСМ бр.

27 од 08. 02. 2023 година. Договорот детално ги уредува правата и обврските на договорните страни во реализација на заедничкиот проект.


Изведувачот на градежните работи ќе биде избран во заедничка постапка на двете договорни страни. Вкупната проценета вредност на проектот е 40. 856. 910,00 денари со вклучен ДДВ.

Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди 90 отсто од средствата, а Општината Кавадарци 10 проценти. Вредноста на опремата во Дневниот центар се проценува на 1. 720. 440,00 ден.


со вклучен ДДВ, износ кој во целост ќе биде обезбеден од страна на Министерството. свд/ирФото: МТСП  .

Извор: МИА