МП: Уставен суд прифати уште една иницијатива на Лога, укинат пропис за пречекорен уставен рок


Министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд  за укинување на уште еден пропис по поднесена Иницијатива  за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник, соопшти Министерството за правда.


-Министерот Лога  бара Уставниот суд  по службена должност  да постапува и со другите прописи во државата кои се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52  од Уставот.


Непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд, знаел или можел да знае, претставува основа за  кривична одговорност, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Оттаму посочуваат дека Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок.


-Од наша страна беше најавено дека со отворањето на Пандорината кутија, Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок, по примерот на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, велат од Министерството за правда.

дма/са/Фото:МИА/Министерство за правда .


Извор: МИА