Breaking News

Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности


  ЈП „Улици и патишта” – Скопје известува за привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица”, каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.


-Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.


 ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до  завршување на градежните работи. хс/цр/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА