Breaking News

МО на Русија: Руските сили ја презедоа контролата врз село кај Авдеевка


– Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските војници ја презеле контролата врз селото Ласточкине, во правец Авдеевка, во западниот дел на краина.


„Единиците на групата сили Центар го ослободија селото Ласточкине и продолжија да ја подобруваат ситуацијата долж линијата на фронтот“, се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми.


Украинската војска претходно денеска потврди дека ги повлекла своите сили од селото Ласточкине, наведувајќи дека овој потег ќе помогне да се запре напредувањето на руската армија кон запад.

-Украинските вооружени сили се повлекоа од селото Ласточкине, со цел да организираат одбрана и да го спречат непријателот да напредува во правец на запад, изјави портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј, пренесоа британските меидуми.


Селото Ласточкине се наоѓа западно од Адвдеевка, градот шрто на 17 февруари премина под контрола на руските сили. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА