Breaking News

ММФ одобри 900 милиони американски долари за Украина


Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд синоќа одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз државата.


-Тоа е втора ревизија на кредитната програма за Украина. . .


И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува.

Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучно во се е надворешното финансирање, што мора да продолжи на навремена и предвидлива основа, рече шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева.


Украинските власти можат веднаш да ја повлечат таа помош од 900 милиони американски долари, што ги зголеми вкупните средства на ММФ за Украина оваа година на 4,5 милијарди американски долари.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА