Breaking News

ММФ годинава предвидува раст на светската економија од 3,1 проценти


– Светската економија, пред сè поради добрите перформанси на американската економија и на некои од главните брзоразвивачки земји, пред сè на Кина, годинава ќе биде подобра од очекуваното, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој сепак остана претпазливи за прогнозите за 2025 година.


ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобален економски раст за 2024 година на 3,1 проценти, во споредба со 2,9 отсто што ги очекуваше во претходната процена објавена во октомври.


Во 2025 година се очекува благ пораст на примарниот раст од 3,2 проценти, што е непроменето од претходната процена.

– Имавме пониска инфлација и истовремено поголем раст, тоа покажува дека спроведената монетарна политика функционирала, но укажува и на други фактори како што се цврстината на пазарот на трудот, забележливото релаксирање на синџирите на снабдување и падот на цената, на енергија и суровини, истакна главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас на онлајн прес-конференција.


Но, каматите на централните банки сè уште се високи за борба против инфлацијата.

Но, се чини дека борбата против инфлацијата дава резултати во најбогатите земји, каде што се очекува таа да падне на 2,6 отсто годинава, што е за 0,4 процентни поени помалку од предвиденото во октомври.


Инфлацијата треба да се спушти до целта од два проценти во 2025 година.

Но, ситуацијата ќе биде поинаква во остатокот од светот, каде што инфлацијата паѓа побавно, па дури и побавно од очекуваното во октомври, па се прогнозира да остане на 8,1 отсто оваа година, или 0,3 процентни поени повеќе од очекуваното пред три месеци.


Сепак, борбата против инфлацијата не влијае на секоја земја на ист начин. Во САД инфлацијата годинава ќе биде 2,1 отсто, додека земјите од еврозоната ќе забележат раст од 0,9 проценти.

Според предвидувањата на ММФ кинеската економија се подобруваат (4,6 отсто во споредба со првично очекуваните 4,2 проценти) и покрај сè уште комплицираната економска клима, додека главниот ризик во таа земја е дефлацијата.

Додека за Индија се истакнува дека ќе продолжи да бележи раст од 6,5 отсто бидејќи главните економии во Јужна Америка имаат корист од посилната од очекуваната домашна побарувачка, што ќе им овозможи да се надеваат на добри показатели за економски раст.

Единствен исклучок е Аргентина, чии прогнози се значително ревидирани надолу, па годинава се очекува рецесија од минус 2,8 отсто, додека во октомври се очекува економски раст од 2,8 проценти.

Русија, како и во 2023 година, е земја во која прогнозите се силно ревидирани нагоре, со корекција од плус 1,5 процентни поени во однос на октомври и очекуван раст од 2,6 отсто, сè уште поддржан од голем обем на јавни расходи, особено воени.

 ми/  .

Извор: МИА