Breaking News

Младите од Пехчево и Берово активни учесници во проект за зголемување на нивното влијание во донесувањето одлуки на локално ниво


Во Пехчево завршија работилниците во рамки на проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“.


Проектот го реализира Здружението Амброзија, преку регрантирање од страна на Македонско здружение на млади правници во рамки на  проектот Младите за позелени општини, кој е финансиран од страна на ЕУ.


Општа цел на проектот, како што информираа од здружението Амброзија од Пехчево, е да се придонесе кон зголемено влијание на младите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

-Во рамките на проектот се одржаа три работилници за млади на возраст од 15 до 25 години од општините Пехчево и Берово, кои ги опфатија темите: Младински активизам; Волонтерство и вклученост на младите и Младински активизам и застапување.


Работилниците се со интерактивен пристап и имаат за цел да им овозможи на учесниците да се стекнат со неопходни предзнаења и позитивни примери, кои ќе ги зајакнат нивните капацитети за застапување пред локалните власти за поголема ефикасност во однос на прашањата поврзани со животната средина, истакнаа од „Амброзија“.

Меѓу останатите цели од овој проект, како што додадоа, е и поголемата инволвираност на младите во процесите за подобрување на состојбата со животната средина.


-За таа цел се формираа тимови за мониторинг кои веќе се на терен и ги детектираат еколошките проблеми во двете општини, а резултатите ќе се споделат во следниот период, додадоа од пехчевското здружение.

Проектните активности е предвидено да се реализираат до крајот на април 2024 година. вс/мд/Фото: Здружение Амброзија Пехчево .


Извор: МИА