Breaking News

Мицкоски: Од Ковачевски очекував барем оградување од она што го направи Маричиќ


Како човек сум згрозен, со гадење и со резигнација од овој сексистички и неморален чин.


Од премиерот Димитар Ковачевски очекував барем оградување од ова што го направи Маричиќ, но за жал тоа не го добив, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање за вчерашниот случај со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и пратеничката Дафина Стојаноска во Собранието.


Мицкоски потенцираше дека е вчудоневиден и зошто самиот вицепремиер Бојан Маричиќ не се извинил.

-Вчудоневиден сум како оние на кои им е полна устата со „Европа“ не излегоа и не собраа храброст да се извинат за тоа што го стори Маричиќ, па и Маричиќ самиот.


Човекот кој што се прослави со се, само не со тоа што треба да го работи.

Се чувствувам засрамен, што уште некое време политичката сцена ќе ја делиме со ваков тип на политички маргиналци, изјави денеска Мицкоски во одговор на прашање за време на посетата на Општина Гази Баба.


бт/аа/Фото/ ВМРО-ДПМНЕ .

Извор: МИА