Breaking News

Мицкоски на средба со Сарацин, реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски денеска оствари средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.


На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, станало збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека со последните измени на Кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата.

-Еден од најважните приоритети на идната влада ќе биде борбата против корупција, истакнал Мицкоски на средбата.


Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посочил реалните проблеми на граѓаните, како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

На средбата, како што е наведено во соопштението, било разговарано и за уставните измени, при што Мицкоски го реафирмирал ставот дека оваа Влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.


дма/ац/Фото:ВМРО-ДПМНЕ .

Извор: МИА