Breaking News

Мицкоски на конференција со задграничните комитети и средби со дијаспората во Швајцарија 


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на Извршниот комитет Драган Ковачки од денес ќе биде во дводневна посета на Швајцарија.


Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, посетата ќе започне во Женева со конференција со задграничните комитети каде ќе се разговара за состојбите во државава, статусот на дијаспората и потребата за јакнење на врските со македонските иселеници.


-Истиот ден ќе се оддржи и трибина во Лозана каде ќе се збори за идните планови за развој на Македонија и потребата за градење на заедништво со дијаспората и промени на актуелните состојби во Македонија, се наведува во соопштението.

За утре е предвидена посета на македонската црква во Тринген, каде ќе се оддржи и трибина со македонската дијаспора. дма/Фото:МИА архива  .


Извор: МИА