Breaking News

Мицкоски на камен-темелник на нова градинка во општина Бутел


Премиерот Христијан Мицкоски со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова детска градинка.


Како што информира владината прес-служба, новата градинка ќе треба да обезбеди згрижување на над 200 деца, а инвестицијата е над 100 милиони денари. бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА