Мицкоски и Силјановска на средба со делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа


Подготовката на изборните процеси и запознавање со моменталната политичка состојба во предизборниот процес биле во фокусот на средбата меѓу претставниците на делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа  со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на партијата Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.


Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата било посочено дека на државата ѝ се потребни целосни реформи и зајакнување на демократските вредности и перспективи.


– Од страна на претседателот Христијан Мицкоски беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите настани и состојби во предизборниот процес, како и спроведувањето на изборите од страна на сите засегнати институции во државата, стои во соопштението од ВМРО.

Дополнуваат дека на средбата била констатирана добрата соработка со предизборната мисија на Делегацијата, како и ставањето во функција на сите потребни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ за фер и демократски претседателски и парламентарни избори во земјава.


ар/бак/Фото: ВМРО-ДПМНЕ  .

Извор: МИА