Мицкоски го информирал Вадефул дека се злоупотребува европското знаменце за носење законски решенија


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шеф на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.


На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.


Мицкоски го информирал Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.

 Во однос на економската состојба, Мицкоски потенцирал дека македонската економија е во колапс, а актуелната Влада, како што се вели, наместо да е насочена кон решавање на ова прашање, е насочена кон криминал и корупција.


 Мицкоски го информирал Вадефул дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем. Мицкоски и Вадефул се согласиле соработката треба да продолжат во иднина.

дма/бак/Фото: ВМРО-ДПМНЕ .


Извор: МИА