Breaking News

Мишел за Косово: Насилството е неприфатливо, дипломатијата и дијалогот се единствениот начин за решавање на проблемот


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека на маргините на самитот на ЕУ во Гранада ќе се разговара за актуелната ситуација на Косово и предупреди дека „насилството не е прифатливо“, а дека дипломатијата и дијалогот се единствениот начин за решавање на проблемот.


„Насилството не е прифатливо.


Важно е лидерите на земјите од Западен Балкан да разберат дека за интеграција во Европската унија, покрај неопходните реформи, услов е и решавањето на билатералните несогласувања.

Несогласувањата меѓу Косово и Србија треба да се реши како услов за интеграција во ЕУ“, изјави Мишел пред група новинари во Брисел, пренесува денеска приштински Коха.


На прашањето како е можно да се зборува за проширување на ЕУ од една страна, а од друга страна дека регионот е поблиску до војна отколку до интеграција во ЕУ, Мишел рече дека ЕУ, НАТО, САД и партнерите се едногласни во дека „насилството нема да се толерира“.

„Дипломатијата и дијалогот се единствениот начин за решавање на проблемот. Кога има тензии, тоа лошо се одразува на инвестициите во регионот и им штети на земјите од регионот“, рече Мишел.


Претседателот на Европскиот совет посочи дека на неформалниот самит на ЕУ во Гранада в петок, како и на самитот на Европската политичка заедница ден претходно во истиот град, меѓу главните теми ќе биде проширувањето на ЕУ.

Тој го изрази своето задоволство што неговиот предлог е да се постави 2030 година како краен рок додека и ЕУ и земјите аспиранти за членство не бидат подготвени за проширување и рече дека останува на таа идеја.


„Овој рок е амбициозен, но и реален“, додаде Мишел. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА