Мировниците на ОН во Либан повикаа на воздржаност


Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) се длабоко загрижени поради каква било можност за ескалација што може да има катастрофални последици за луѓето од двете страни на Сината линија, изјави портпаролката Кендис Ардиел.


„Продолжуваме да ги молиме сите страни да го прекинат огнот и сите влијателни учесници во дијалогот да повикаат на воздржаност“, додаде таа. паг/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА