Breaking News

МИОА: Исполнети условите за работа во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово за поефикасно работење


Министерот за информатичко општество и администрација во техничката Влада, Наим Бајрами, денеска имал средба со вработените во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово, при што контатирал дека се исполнети условите за работа во Центарот за поефикасно работење.


Како што соопшти МИОА, Бајрами посочил дека испитани се и земени предвид сите барања кои беа официјално упатени од вработените во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово, односно дека нивните барања се исполнети за многу кратко време, за нормално функционирање и непречено давање на услугите.


Воедно, министерот изразил уверување дека „Една точка за услуги“ – Тетово, ќе има нова локација во центарот на градот, подостапна за граѓаните, каде, исто така, на граѓаните ќе им биде полесно да се ориентираат.

-За да наликува на модерен центар при обезбедувањето на дигитализирани услуги, кои ќе бидат што е можно поефикасни и во корист на граѓаните, со цел работниот процес да продолжи без пречки, прво, мора да се обезбедат услови за работа на вработените, кои јавно кажувам дека се успешно остварени и воедно ветувам дека Центарот „Една точка за услуги“ – Тетово, ќе има нова локација во центарот на градот, подостапна за граѓаните, изјавил министерот Бајрами.


Тој рекол дека главен приоритет на Министерството ќе биде да се обезбедат најповолни услови за работа на вработените, со цел услугите да бидат најквалитетни и навремени.

-Токму поради оваа причина, ние сме тие што ќе ги донесеме нашите услуги до граѓаните.


Навременото давање на овие услуги ја намалува загубата на време и ја зголемува довербата во институциите, нагласил министерот Бајрами.

Министерот, исто така потенцирал дека оваа динамика на работа ќе продолжи и во Центрите лоцирани во Скопје, Куманово, Битола и Охрид, се додава во соопштението на МИОА. нд/дма/Фото: МИОА .


Извор: МИА