Breaking News

Министрите Спасовски и Бочварски во работна посета на Куманово


Министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски, денеска ќе бидат во работна посета на Куманово.


 Посетата ќе ја почнат кај рекоснтруираниот објект на СВР Куманово, една од  капиталните инвестиции на МВР.


Спасовски и Бочварски потоа на Железничка станица „Перо Чичо“, ќе извршат увид во изградбата на пругата – делница Куманово -Бељаковце, како дел од Коридор 8. са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА