Breaking News

Министерот за европски прашања Муртезани на средба со евроамбасадорот Гир


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања ќе одржат протоколарна средба.


По средбата најавена е заедничка прес-конференција.


Со усвојувањето на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа, поранешниот Секретаријат за европски прашања прерасна во Министерство за европски прашања кое ќе ја координира и усогласува работата на органите на државната управа и другите органи и институции за членство во Европската унија, а ќе ги координира и работите за преговори за членство во ЕУ.

вг/бак/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА