Breaking News

Министерот Николовски во посета на лозарите од Кавадарци и Неготино


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод празникот св. Трифун, заштиникот на лозарите, денеска ќе биде во посета на лозарите од Кавадарци и од Неготино.


Како што стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Николовски ќе има обраќање на закројувањето на лозјето заедно со претставници на Македонски семејни винарии, во селото Марена, по што ќе биде дел и од закројувањето на лозјето во винаријата Тиквеш, на лозовите насади во Лепово.


 Најавено е дека министерот Николовски заедно со лозарите ќе присуствува и на манифестациите по повод св. Трифун во Кавадарци и Неготино. цр/мдФото:  МИА архива .

Извор: МИА