Breaking News

Министерот Николовски на Конференција на ФАО во Рим


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска и утре во Рим ќе учествува на 43-та Конференција на ФАО, на која ќе се гласа за избор на Генерален директор на ФАО.


Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба со генералниот директор на ФАО, како и билатерална средба со министерот за земјоделство на Азербејџан, соопшти МЗШВ. са/ .


Извор: МИА