Breaking News

Министерот Меџити шири лажни вести – не е точно дека иницирал најголема набавка на возила за итна медицинска помош во историјата на Македонија


Фактите говорат дека најголема набавка во историјата на Македонија за возила на итна медицинска помош е реализирана во 2012 година кога беа набавени 70 возила за итна медицинска помош.


Истите беа опремени со ЕКГ апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема кои ги задоволуваа најновите еколошки стандарди.


Конкретно, набавката се состоеше од 69 комплетно опремени амбулатски возила – подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило. .

Извор: МИА