Breaking News

Министерот Бектеши во официјална посета на Вашингтон


Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон, САД.


Во рамки на посетата министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема „Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност“.


Бектеши ќе се и обрати на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан на кои ќе им ги презентира економските и енергетските потенцијали на земјата.

Во рамки на посетата Бектеши ќе оствари и билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат, како и други високи претставници во Стејт Департментот.


дма/aa/Фото:МИА архива .

Извор: МИА