Breaking News

Министерката за одбрана Амхерд положи заклетва како швајцарска претседателка


– Швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд ја презеде својата дополнителна функција како претседател на нацијата.


Седумте сојузни советници на Швајцарија се менуваат како претседател по една година согласно единствениот устав.


Амхерд го наследи министерот за здравство и внатрешни работи Ален Берсет, кој ја напушти владата на 31 декември на негово барање по 12 години.

Амхерд (61) е адвокатка кој е пратеничка во Берн од 2005 година и беше избрана во Федералниот совет од двата дома на парламентот во 2019 година.


Таа е член на централната партија Мите, која беше формирана во 2021 година со спојувањето на Христијанско-демократската народна партија (ЦВП) и Граѓанската демократска партија (БДП). јт/Фото: Х .

Извор: МИА