Breaking News

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон Хуи од утре во посета на Русија


Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација од утре до 17 јануари, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави денеска севернокорејската новинска агенција.


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова го потврди доаѓањето на севернокорејската делегација со која ќе разговара шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.


„Ја очекуваме севернокорејска делегација во Москва. Планирани се преговори со Сергеј Лавров“, рече Захарова.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во септември минатата годинаја посети Русија и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА