Михо Јаневски, претседател на НО на Градежниот институт Македонија, добитник на награда за долгогодишна коморска активност


Михо Јаневски својот работен век од 40 години посветено и исцрпно го поминува во Градежниот институт Македонија (ГИМ), компанија која ги изроди најдобрите градежници кои денес водат и свои компании.


Раководејќи ја најголемата македонска консултантска фирма „ГИМ“, уникатен бренд кој нуди широк опсег на услуги и кој обезбедува изнаоѓање комплексни решенија за најсложените проекти во градежништвото, веќе години наназад развива и применува стратегија за извозна ориентираност, градејќи предвидлив, одржлив и постојан развој и дејствување на „ГИМ“ на што повеќе пазари, избегнувајќи зависност и непредвидливост.


Минатата година „ГИМ“ отвори филијала во Романија, со што таа е првата македонска компанија со филијала во Букурешт, а наедно ова е и нивна прва канцеларија отворена во земја членка на ЕУ.

Како лидер во својата област досега има отворено подружници кои активно дејствуваат во Р Србија, Црна Гора, во Босна и Херцеговина, Р Косово и во Р Албанија. .


Извор: МИА