Breaking News

МИ5 предупредува за „епски размери“ на кинеска шпионажа во Велика Британија


Кинески шпиони се обиделе да врбуваат повеќе од 20.


000 луѓе во Велика Британија, изјави шефот на британската безбедносна агенција МИ5, Кен МекКалум и предупреди на „епските размери“ на кинеската шпионажа.


„Видовме кампања од епски размери“, изјави МекКалум за Би-Би-Си по состанокот на шефовите на разузнавачките служби на САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија.

Тој рече дека МИ5 претходно се фокусираше на заштита на владините тајни од странски шпиони, но посочи дека сега постои страв дека иновациите често се крадат од мали компании, новоформирани претпријатија и истражувачи кои претходно можеби не биле толку загрижени за нивната безбедност.


. „Ако денес работите со висока технологија, тогаш ве интересира геополитиката, дури и ако не ве интересира геополитиката“, рече МекКалум.

Според него, кинеските шпиони се обидуваат да стапат во контакт со британските граѓани преку различни веб-страници, вклучувајќи го и Линкедин, за да добијат информации од нив. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА