Breaking News

МФ: Министерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан е почетна точка во конкретната реализација на реформските агенди


Во Скопје денеска се одржува првиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан посветен на Планот на Европската унија за раст на регионот.


На состанокот присуствуваат министри од Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија.


 Состанокот, како што информираат од Министерството за финансии, претставува почетна точка во конкретната реализација на реформските агенди кои земјите од Западен Балкан со забрзано темно треба да ги подготват до крајот на годината и веќе следната година да имаат пристап до дел од средствата од Фондот.

– Повеќе од добредојдена е презентацијата на ЕК за Планот за раст и можностите што ги дава за земјите во регионот, како основа за нашата заедничка дискусија за идните предизвици и како најдобро да се искористи и да се претвори во можности за траен и одржлив раст.


Дигиталната и зелената транзиција, зголемувањето на конкурентноста и зголемувањето на еднаквоста се области за кои се потребни силни институции и политики, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на состанокот.

Со Планот на раст, како што се наведува во соопштението, на земјите од регионот им се дава силна алатка за спроведување на реформите на нивниот пат кон кој ќе обезбеди поврзување, поддршка за реформите и финансиска поддршка во форма на грантови и заеми.


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ посочил дека сo овој инструмент земјите ќе покажат институционална и административна волја за да преземат целосна одговорност за спроведување на Планот.

Според генералниот директор на DG NEAR Јан Копман, Планот не е само економски, туку и забрзувач на процесот на проширување. – Тоа се работи кои одат една со друга.


Ова ќе донесе опипливи резултати и она што денес ќе го направиме е да ги разгледаме плановите и треба брзо да работиме зошто не чекаат важни одлуки до одржувње н а Советот во декември, порачал Копман.

Во 12 часот е најавена прес-конференција на која ќе се обратат министерот за финансии Бесими и вицепремиерот Маричиќ. бак/ев/Фото: Министерство за финансии  .

Извор: МИА