Breaking News

Мециновиќ: Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Влада може да се стави крај на македонската демократија


„Несомнено е дека ги живееме најтемните дни за македонската демократија, и во бездната во која не води антидемократската и антиевропската СДСМ, а на тој караван одлучи да им се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ“, оцени портпаролот на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ.


Тој по денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски одржа прес – конференција на која посочи дека само Левицата ќе остане партија што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство.


-Владата нема легитимитет.

Првпат го загуби во 2020 година на локалните избори, потоа добивме неизбран премиер, кој со својата нелегитимна влада беше целосно нетранспарентен во изготвување на францускиот предлог со Софија во посредништво на Париз, и сега имаме ситуација каде постои консензус за францускиот предлог, но се работи на поларизација на нашето општество.


Се движиме кон криза на демократијата. Ова е авторитарен режим.

Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, само Левицата ќе остане партија што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство, изјави  Мециновиќ.


Во однос на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, оцени дека имал многу променливи изјави за уствните измени.

-Пратеници потпишуваа изјави на нотар, потоа нудеше предвремени избори и да се стават уставните измени во предизборните програми и на крајот неговиот Извршен комитет сабајлево излезе со изјава дека не ги прифаќаат уставните измени под бугарски диктат.


Но, тоа е само изјава за членството, кое сепак следува и е свесно за одлуките на раководството. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има улога во исполнувањето на софиската платформа, рече Мециновиќ.

За условот на Мицкоски за влез во Владата ако излезе ДУИ, Мециновиќ посочи дека опозицискиот лидер не во целост искрен.

-Иако на ВМРО-ДПМНЕ сега му е проблем да биде со ДУИ во Владата, совршено функционираат како партнери во Советот на Велес, појасни Мацановиќ.

Левица смета и дека македонската дипломатија не може да одговори на предизвиците кои произлегуват од односите со Бугарија. свс/са/Фото: МИА  .

Извор: МИА