Breaking News

Меѓународна научна конференција „Времени безбедносни бранувања или нова светска архитектура на безбедноста“ во Дојран


Четиридневна меѓународна научна конференција за безбедност 2023 година „Времени безбедносни бранувања или нова светска архитектура на безбедноста“, почнува денеска во Дојран и ќе трае до седми септември.


Конференцијата е во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Како што известуваат од Филозофскиот факултет, овогодишната конференција е посветена на промислување на механизмите за безбедност, мир и развој кои се поврзани со севкупните промени, вклучително и политички, воени, геополитички, економски, општествени и еколошки прашања низ фокусот на времените безбедносни бранувања или новата светска архитектура на безбедноста.

Меѓународната науча конференција ќе ја отворат Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, Деканот на Филозофски факултет, проф.


д-р Ратко Дуев, претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска, градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов и раководителката на Институтот за безбедност, одбрана и мир, проф.

д-р Тања Милошевска. На конференцијата ќе дискутираат над 80 учесници од земјава, од САД и Европската унија.


Конференцијата, како што истакнаа, има цел да обезбеди форум за размена на академски знаења и емпириски сознанија за новите механизми и предизвици за безбедност (индивидуални, општествени, регионални, меѓународни и глобални), стекнување нови знаења за нивната природа, редефинирање на концептите и системите за безбедност и интензивирање на активностите на сите нивоа со цел подобрување на безбедноста и мирот.

сан/са/ Фото: МИА архива .


Извор: МИА