Breaking News

МЕЃАШИ ќе ја промовира Стратегијата за унапредување на правата на децата во Град Скопје 2023-2027 година


МЕЃАШИ ќе ја промовира Стратегијата за унапредување на правата на децата во Град Скопје 2023-2027 година


Скопје, 31 јануари 2023 (МИА) – Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ денеска ќе одржи конференција на која ќе биде промовирана Стратегијата за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје 2023-2027 година од проектот „Стратегија и акциски план за унапредување на правата на децата и акциски план за поддршка на деца на улица/улични деца во град Скопје“ поддржан од Град Скопје.


На конференцијата јавност ќе има можност да се запознае со приоритетните области, стратешките цели и планираните активности за следните пет години, а дополнително ќе биде промовирана и студија на случај направена со истражувањето за децата на улица во рамки на проектот. свс/нд/