Breaking News

Меџити и Манолева во посета на Клиничката болница во Битола


Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство Маја Манолева, денеска ќе ја посетат Клиничката болница во Битола.


Повод за посетата, како што соопштуваат од Министеството за здравство, е донација на медицинска и немедицинска опрема во вредност од 450 илјади долари со поддршка од невладината организација World Medical Relief, како и Обединетата македонска дијаспора.


дма/са/Фото:МИА архива .

Извор: МИА