МД „Илинден“ -Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава


Македонското друштво „ Илинден“ – Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.


-Пред точно 32 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката.


Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.

-Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.


Честитка, по повод Денот на независноста од свое и од име на партијата упати и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

вт/мч/фото: МИА архива .


Извор: МИА