Маж почина откако падна од воздухопловен балон во Австралија


Еден човек почина откако падна од воздухопловен балон во Мелбурн, Австралија, јавија американските медиуми.


 Балонот полетал од северните предградија на Мелбурн рано денеска и бил во воздух околу 30 минути пред човекот да падне од кошот.


Телото било пронајдено во станбена област која била затворена за сообраќај од страна на државната полиција на Викторија.

Балонот безбедно слета на многу километри од местото каде што беше пронајдено телото на мажот. Инцидентот е под истрага, вклучително и од регулаторите за безбедност на воздушниот сообраќај.


мс/фото: ЕПА .

Извор: МИА