Breaking News

Масовни руски напади ширум Украина


Украинските власти соопштија дека рано изутрината имало експлозии во североисточниот, јужниот и западниот дел на земјата, како дел од новиот бран руски ракетни напади за кои Киев рече дека ги оштетиле објектите на електроенергетската мрежа.


Во раните утрински часови, воздухопловните сили на Украина прогласија тревога во поголемиот дел од земјата, дури и во најзападните региони.


„Експлозии се слушнале во украинскиот град Харков уште во пет часот наутро“, изјави градоначалникот Игор Терехов преку апликацијата за пораки Телеграм, како и во регионот Запорожје, според гувернерот Иван Федоров, кој исто така информираше на Телеграм.

Гувернерот на западниот регион Лавов, Максим Козицки на Телеграм објави дека одбраната работи во областа.


Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко на Телеграм објави дека нападите биле насочени кон капацитети за производство и дистрибуција на електрична енергија во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев.

Во регионот Харков, повеќе од 200. 000 корисници останаа без струја по нападот, а жителите побараа засолниште во метрото.


Украинската војска извести дека Русите испратиле дронови и хиперсонични ракети „Кинжал“ на цели низ земјата и дека истрелуваат ракетни проектили од бомбардери „Тупољев Ту-95“.

Засега нема извештаи за жртви. рп/Фото: МИА архива🇷🇺#Russia fired 15 ballistic missiles on #Kharkiv city. Energy outages. 37 of 40 Shahed attack drones shot down above 🇺🇦#Ukraine tonight pic. twitter.


com/VmgZVIuITE
— C4H10FO2P ☠️ (@markito0171) April 11, 2024  .

Извор: МИА