Breaking News

Марк Ламберт именуван за највисок американски претставник за политиката кон Кина


– Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера го именуваше дипломатот-ветеран Марк Ламберт за највисок претставник на Стејт департментот за политиката кон Кина, во која суштестуваат затегнати односи околу статусот на Тајван, трговијата и руската инвазија врз Украина.


Ламберт ќе биде заменик-помошник секретар за Кина и Тајван и ќе ја води Кинеската канцеларија за координација, неформално позната како „Кинеска куќа“ (China House), што беше формирана кон крајот на минатата година.


Експертот за Азија двапати служеше во американската амбасада во Пекинг, а неодамна беше заменик-помошник државен секретар за јапонски, корејски и монголски прашања и односи со Австралија, Нов Зеланд и Пацифичките острови.

„Ламберт има големо искуство со работата на прашања поврзани со Народна Република Кина (НРК), креирање координирана политика со нашите сојузници и партнери и заштита на интегритетот на меѓународниот систем“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од британските медиуми.


Назначувањето на Ламберт веројатно нема да го промени тонот на политиката на Вашингтон кон Кина, но треба да внесе нова енергија во операцијата која е критикувана заради додавањето слоеви бирократија во и онака сложениот процес на донесување одлуки.

САД и Кина се во расправија околу прашањата што се движат од Тајван до трговијата, фентанил и човековите права. сд/фото:ЕПА  .


Извор: МИА