Маричиќ во посета на САД, ќе се сретне со Стефано Санино и со други високи претставници


Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави.


Целта на посетата, како што соопшти СЕП, е учество на конференцијата „The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads“ на престижниот Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс, која ќе се одржува денеска и утре.


Вицепремиерот Маричиќ исто така ќе оствари средби со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се наоѓаат на универзитетот на Харвард.

Според СЕП, во рамките на посетата вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино и средби со други високи претставници.


мч/дма/фото: МИА архива .

Извор: МИА