Breaking News

Маричиќ: Партнерството со Литванија е уште еден чекор поблиску до ЕУ за Северна Македонија​


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Едуардас Борисовас, новоименуваниот амбасадор на Литванија во Северна Македонија, со седиште во Загреб.


Како што соопшти СЕП, соработката и билатералните помеѓу нашите држави се основаат на пријателство, одлични партнерски односи и голема поддршка на Литванија за Северна Македонија на патот кон ЕУ, заклучија Маричиќ и Борисовас.


 Двајцата соговорници се согласиле дека Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во НАТО, со посветеност и јасна поддршка за нашиот евро-интегративен процес.

 -Со оглед на тоа дека стратегијата на Северна Македонија за евроинтеграција е со стабилен курс, веруваме дека поддршката од Литванија ќе придонесе за побрзо интегрирање, каде што споделувањето на искуството на Литванија е од исклучително значење за нас, рече Маричиќ.


Амбасадорот Борисовас, се залага за брза интеграција на нашата држава во ЕУ,  уверен дека нашето место е во Унијата со што граѓаните на Северна Македонија ќе се чувствуваат сигурно, стабилно и безбедно.

нд/ац/  .


Извор: МИА