Breaking News

Маричиќ на средба со Двожак и Бурк на маргините на Преспа форум дијалог


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на маргините на Преспа форум ќе има билатерални средби со министерот за европски прашања на Република Чешка, Мартин Двожак и ирскиот министер за Европа, Питер Бурк.


Маричиќ на Преспа форум дијалог 2023 ќе учествува и ќе има воведно излагање на сесијата со наслов: „Проширувањето на ЕУ во трансформираната геополитичка динамика“, на која соговорници ќе му бидат Питер Бурк, Тања Мишчевиќ, Мартин Дворак, Мајлинда Дука, Хелене Холм-Петерсен, Анжеј Франгеш, Симонида Кацарска и Деа Елмаслари, под модераторство на Програмската директорка на Центарот за европска политика (CEP), Милена Лазаревиќ.


Во Паркот на поезијата, тој заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, Рамиз Мерко, градоначалник на Струга и Слободан Трендафилов, вршител на должност директор на Сојузот на Синдикати ќе учествува на церемонијата на потпишување на официјалниот почеток на градежните работи за Јуроп Хаус во Струга.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, оваа година се одржува третото издание на Преспа форум дијалог со насловот: „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“, во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.


сст/са/  .

Извор: МИА