Breaking News

Макрон вети две милијарди евра за намалување на даноците за средната класа


Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека француската Влада ќе одвои две милијарди евра за намалување на даноците за средната класа.


„Побарав од Владата да излезе со предлози, за две милијарди евра, кои ќе се фокусираат на средната класа“, рече Макрон во интервју за TF1.


 Тој посочи дека две милијарди евра ќе бидат дел од буџетскиот план до 2027 година.

„Побарав од Владата да работи на тоа, но не сакам да ја затворам вратата овде бидејќи можеби има паметни работи што треба да се направат во однос на давачките што ги плаќаат, придонесите што ги плаќате кога сте вработени“, рече Макрон.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА