Breaking News

Макрон го осуди нападот во Газа и повика на итно постигнување договор за примирје меѓу Израел и Хамас


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е огорчен од вчерашното загинување на повеќе од 100 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во Газа и побара „вистина и правда“ за улогата на израелските војници во инцидентот.


Здравствените власти во Газа соопштија дека израелските сили вчера застрелале повеќе од 100 Палестинци.


 Израелски официјални претставници, пак, тврдат дека повеќето од жртвите го загубиле животот во стампедо, како и дека некои луѓе биле прегазени од камиони за снабдување.

Израелската армија призна дека нејзините војници пукале кон некои Палестинци кои трганел кон војниците и тенкот на контролниот пункт.


„Длабоко негодување има поради фотографиите кои доаѓаат од Газа на кои цивили се цел на израелски војници.

Силно го осудувам овој напад и повикувам на вистина, правда и почитување на меѓународното право“, напиша Макрон во објавата на социјалната мрежа „Икс“.


Тој рече дека треба итно да се постигне примирје во војната меѓу Израел и екстремистичката палестинска група Хамас.

Министерот за надворешни работи на Франција, Стефан Сежурне изјави за радиото „Франс Ентер“ дека Париз ќе го поддржи повикот на ОН за независна истрага. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА