Breaking News

Магла на патниот правец Скопје-Демнир Капија


Поради магла утринава намалена е видливоста на патниот правец Скопје-Демир Капија. Според информацијата на Авто мото сојузот на Македонија, видливоста е намалена од 50 до 100 метри.


 Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.


 Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА