Breaking News

Магла на патиштата во Струмица и Тетово


Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 80 метри има на патиштата во Струмица, а до 100 метри во Тетово, информира Авто мото сојузот на Македонија.


Сообраќајот на останатите патни правци низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.


 Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА