Breaking News

Магла на на патниот правец Скопје-Демир Капија


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на патниот правец Скопје-Демир Капија, информира АМСМ.


 На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.


Од ЈП Македонијапат посочуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


мд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА