Breaking News

Лондон и Канбера повикаа на итен прекин на борбите во Појасот Газа


Министрите за надворешни работи и одбрана на Велика Британија, Дејвид Камерон и Грант Шапс и на Австралија, Пени Вонг и Ричард Марлс денеска повикаа на итен прекин на борбите во Појасот Газа по состанокот во Аделаида, јужна Австралија.


Во заедничката изјава министрите ја истакнаа потребата веднаш да се прекинат борбите во Појасот Газа „за да се овозможи испорака на (хуманитарна) помош и ослободување на заложниците“.


Велика Британија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, кој денеска би требало да гласа за резолуцијата на САД со која се повикува на „итен прекин на огнот“.

Во заедничката изјава, Лондон и Канбера, исто така, ја осудија, како што ја нарекоа, „големата, нелегална и неодговорна руска инвазија на Украина“ и ја повикаа Москва да ги повлече своите воени сили.


„Министрите ги повикаа сите кои имаат блиски односи со Русија, особено со Кина, да не и помагаат на Русија на кој било начин да ја продолжи војната и да ја убедат да стави крај на овој незаконски конфликт“, се вели во заедничкото соопштение.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА