Breaking News

Локалната власт на Белград ќе донира по 20.000 динари за секој ученик


– Вршителот на должност градоначалник на Белград, Александар Шапиќ најави дека родителите на учениците во основно и средно училиште ќе добијат по 20.


000 динари (околу 170 евра), средства наменети за купување на учебници. Градот Белград минатата година набави комплети учебници за сите ученици во основно и средно училиште.


– Одлучивме оваа година наместо учебници за основците и средношколци, што првпат го воведовме минатата година, да одиме чекор понатаму и да обезбедиме по 20. 000 динари по дете, посочи Шапиќ.

Тој посочи дека сумата за помош на родителите е 15 проценти поголема од максималната вредност на комплет учебници.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА