Breaking News

Лога го посети Големото народно собрание во Турција


Министерот за правда во техничката Влада Кренар Лога го посети Големото народно собрание во Турција.


Како што соопшти Министерството за правда, Лога се сретнал со делегацијата предводена од претседателот на Големото народно собрание на Турција, проф.


др Нуман Куртулмуш и високи претставници од Меѓупарламентарното пријателство Турција – Северна Македонија.

Средбата, се додава во соопштението, била искористена за размена на искуства, законодавните агенди на двете држави како и продлабочување на меѓународната соработка.


дма/нд/Фото: Министерство за правда .

Извор: МИА