Breaking News

Лидерот на тајландската опозиција Лимјароенрат доби условна казна поради протестот во 2019 година


– Судот во Бангкок му одреди четиримесечна условна казна на главниот тајландски опозициски лидер Пита Лимјароенрат и на седум други лица од продемократското движење за демонстрациите во 2019 година, кои беа прогласени за незаконски.


Судот утврди дека демонстрациите биле организирани без дозвола, дека блокирале јавно место и дека се одржувале на 150 метри од кралската резиденција, изјави адвокатот на обвинетите, Крисаданг Нутјарас.


Илјадници луѓе протестираа во декември 2019 година во центарот на Бангкок, барајќи оставка од генералите кои беа на власт по пучот во 2014 година.

Лидерот на главната опозиција Лимјароенрат, кој победи на парламентарните избори во 2023 година со прогресивната партија Движење напред, но не успеа да стане премиер, е меѓу осумте обвинети заедно со другите водечки реформатори, политичари и активисти.


Во казната се вклучени и милијардерите Танаторн Жуангрунгруангкит и Пијабутр Саенгканоккул, на кои судот во 2020 година им одреди забрана десет години да не учествуваат во политиката, како и поранешната пратеничка Паника Ванич, која доби доживотна забрана, како и активистот Парит Чиварак, познат во Тајланд како Пингвин.

 ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА