Breaking News

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за финансирање на владата до март


Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за нацрт-законот за краткорочно финансирање од две транши за да би било обезбедено финансирањето на владата до март, рече добро информиран извор за Си-Ен-Ен.


Со новиот нацрт – закон се предвидува финансирање на Владата до 1 и 8 март. Договорот беше постигнат непосредно пред првиот рок за финансирање на 19 јануари.


Вториот рок за владино финансирање беше 2 февруари.

Републиканците во Претставничкиот дом денеска ќе одржат онлајн конференција за да разговараат за продолжување на финансирањето на владата, изјави изворот за Си-Ен-Ен.


Лидерот на демократството мнозинство во Сенатот, Чак Шумер и претседавачот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон минатиот викенд објавија дека постигнале договор за главните трошоци, што е прв чекор во процесот на финансирање на федералната влада.

Финансирањето вклучува 1,59 билиони долари за фискалната 2024 година, вклучувајќи 886 милијарди долари за одбрана и 704 милијарди долари за други трошоци. рп/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА