Breaking News

Левица: Основниот граѓански суд Скопје заглавен во неажурност доби нов контроверзен претседател


Денес, Судскиот совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје го избра судијата Бесник Авдија, кој беше единствениот кандидат.


За единствениот кандидат, кој има две години искуство во Судот, нема никаква професионална биографија во медиумите, а и на сајтот на судот нема ниту негова фотографија.


Единствената вест за овој судија се двете претставки кои се поднесени против него од граѓанин, а за наводна љубовна афера во просториите на Судот, за која постоеле и снимки. .

Извор: МИА